Кои пратеници ќе агитираат за референдумот

Пратениците од СДСМ, нивните коалициски партнери од ДУИ и пратениците на движењето Беса многу веројатно ќе се вклучат во јавната кампања за референдумот. Не е познат ставот на Алијансата на Албанците, а се очекува во кампањата да се вклучи и ДПА, дознава МИА.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера побара од пратениците од оваа партија делот од 80 милиони денари предвиден за нивна кампања да го пренасочат за доградба на средно училиште во Тетово.

Досега само пратеникот Антонио Милошоски со писмо  во петокот го извести Собранието и побара средства за кампања за бојкот на референдумот по што доби експресен одговор дека парите за кампањата нема да се делат посебно на секој од 120 пратеници.

Собранието соопшти дека кампањата ќе ја води со закупување на медиумски простор на ТВ,во пишани медиуми и интернет портали.

SHARE