Кој брише видеа за референдумот, исчезна клипот на Bizzi za Слаткар

Од Јутјуб и Гугл исчезна видеото на раперот Bizzi кој вчера објави песна во која оштро го нападна раперот Слаткаристика.

Читатели на expres.mk најпрвин информираа дека видеото не може да се отвори а потоа и дека воопшто го нема.

Денеска од Јутјуб исчезнаа сите видеа на Bizi но не и видеата на Слаткар кој во “Отворено писмо” преку стихови ја брани одлуката за промена на уставното име.

Слаткар со “отворено писмо” за референдумот, Грција била како Тајсон (ВИДЕО)

Видеото на Bizzi вчера при поставувањето беше достапно за сите читатели.

Во својата информација Јутјуб признава дека има проблеми со видеото но не открива прецизно за каков проблем се работи.

Вообичаено оваа социјална мрежа брише видеа по пријава од корисници за говор на омраза, навреди, авторски права, тероризам и други илегални активности.

SHARE