Кој е овде луд, кој е збунет а кој ќе плаќа

Иако на светските берзи цените на нафтата паѓаат веќе неколку денови по ред македонските цени на горивата растат.

Дополнително споредбата на цената на горивата со цените на нафтата од пред две години покажува дека на иста цена на нафтата пред две години граѓаните плаќале поефтини бензини и дизел.

Во оваа споредба не се вклучени 3 денари со кои Владата ги зголеми цените на дизелот за наводно со помалку возење на дизел возила да се намали загадувањето.