Владата на Данска, подготви закон со кој се забранува јавна критика на либералната демократија и на НАТО пактот, за што се предвидени долгорошни казни затвор.

Тоталитаризмот во Европа, кој го окупираше источниот дел од Железната завеса до 1990 година, сега се движи кон Запад, пишува „Слободна Далмација“.

Иницијативата за кои расправа данскиот парламент се нарекува „Мерки за борба против операции на психолошко влијание што го спроведуваат странски разузнавачки служби“.

Доколку биде усвоен законот, граѓаните на Данска ќе бидат казнувани ако се „плеткаат во јавна расправа“ и ако „се обидуваат да влијаат на процесот на донесување одлуки“, а владата процени дека тоа го прават под влијание или во име на странски разузнавачки агенции.

„Конкретно, данските граѓани ќе се соочат со затворска казна до 12 години ако нивните изјави се разликуваат од официјалната позиција на владата за време на изборните кампањи. Нацрт-законот наведува примери на изјави и активности кои ќе станат нелегални. Така, ќе се изрекуваат казни ако некој изјави дека анти-руските санкции штетни за Данска, а затвор ќе добијат и оние кои јавно го поддржуваат рускиот гасовод „Северен поток 2“, пишува хрватскиот весник.

Треба да се напомене дека овој орвелски закон нема да се однесува само на класични медиуми, туку и на мислења изнесени наа Фејсбук и на други социјални мрежи.

Според нацрт-законот, корисниците на Фејсбук може да завршат во затвор за објавување „непријателски содржини за Пактот на НАТО“.

Законот сé уште не е донесен во парламентот, но набљудувачите велат дека тоа би можело да помине.

„Мислам дека данскиот парламент нема да биде пречка“, вели данскиот социолог Ларс Јоргенсен, кој се стравува дека донесувањето на законот и самиот да биде уапсен, бидејќи врши научни истражувања за НАТО пактот и неговите ставиви ги објавувал на Фејсбук – се додека не му бил блокиран профилот.

„Мојот Фејсбук профил е блокиран со месеци, потоа деактивиран, а имам околу 4.000 пријатели, вклучувајќи академици од целиот свет. Јас сум научник кој има критичко размислување за НАТО. Длабоко ја истражував историјата на НАТО-алијансата, и соработувам со голема група професионалци и професионалци. Имам информации кои го поткопаа позитивниот имиџ на НАТО и докажуваат дека нивната верзија за војната во Југославија е прекрасна лага, како и во Либија и Сирија. За НАТО, особено е важно да ги замолчи противниците, така и мене“, вели Јоргенсен, пишува „Слободна далмација“.