Кој е убиецот на бугарската новинарка Маринова (ГАЛЕРИЈА)

Бугарски медиуми објавија фотографија на осомничениот убиец на новинарката Викторија Маринова на 6 октомври.

Северин Надеждов Красимиров, роден во 1997 година беше уапсен во местото Штад, во близина на Хамбург, Германија каде избегал ден по убиствот и се сокрил кај неговата мајка и неговиот очув. Апсењето било извршено вчера вечерта од германската полиција.

Луѓето во соседството каде што живеел осомничениот, кој е од ромско потекло, за бугарска НОВА ТВ рекле дека разбрале што се случило уште во неделата.Тој избегал во Германија по совет на неговите роднини откако кажал што се случило.

Полицијата малку подоцна разбрала за ова и го свртела своето внимание кон Северин. Тој бил откриен на камерите во областа каде се случило убиството на шеталиштето на Дунав.

Тоа е местото каде што Викторија трчала во саботата.

Полицијата, многу брзо ја пронајде неговата облека, на која се пронајдени траги од злосторството. Според ДНК анализите, откриено било присуство и на негова ДНК на телото на жртвата. По размеа на информации со меѓународни канцеларии, Северин беше уапсен.

Тој е оженет. Неговата тетка и неговата сопруга беа цел ден во полицијата за испрашување.

Тој имал криминално досие од 2007 година за кражба на обоени метали.

 

Оставете Коментар