Кој го излажал Ахмети за потписот на договорот со Грција?

Loading...

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, во вечерашното интервју за приштинската телевизија Т7, најави дека договорот меѓу Атина и Скопје ќе биде потпишан во сабота, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик.

Според Ахмети договорот ќе го потпишат премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во присуство на највисоки претставници на Европската унија, рече Ахмети, не прецизирајќи каде ќе се случи потпишувањето.

Партискиот шеф на ДУИ вчера беше веднаш демантиран од грчкиот премиер Ципрас кој преку државната телевизија на Грција објави дека сепак договорот ќе го потпише министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Нејасно е зошто во владата постои толку лоша координација и зошто лидерот на ДУИ не е информиран за плановите на СДСМ односно на премиерот Заев кој во последен момент сепак се откажал од ставање свој потпис на договорот со кој треба да се затвори спорот за името.