Кој го пофали Макрадули за постигнат успех?

Заменикот министер за животна средина Јани Макрадули на социјалните мрежи доби пофалба дека постигнал успех во екологијата конкретно во климатските промени.

“Македонија е една од малкуте земји каде што четвртиот национален извештај и третиот биенален извештај за климатските промени се започнати. Успехот во оваа област @makraduli (Јани Макрадули) го гледа во исклучителната соработка со академската заедница пред се, со МАНУ, УНДП и се разбира со невладиниот сектор”, пишува во твитот во кој се пофалува Макрадули.

Постот на Твитер е објавен од профилот @MOEPP на англиски јазик. На оваа тема на профилот нема објава на македонски јазик и на прв поглед личи дека некој странец или меѓународна организација го фали Макрадули за постигнатиот успех.

И се би било во ред со обидот да се прикаже дека Макрадули постигнал успех освен ако не го отворите профилот и видите дека всушност кратенката @MOEPP e твитер профил на министерството за животна средина и просторно планирање кое го раководи ПР тимот на Макрадули и кој практично го фали својот шеф.

Пофалбата за шефот и објавата на наводниот успех на Макрадули и министерството кое тој го раководи додека министерот Садула Дураки се занимава со други работи, се случува додека Македонија, пред се Скопје, се соочуваат со еколошка катастрофа.

Додека Макрадули ужива во ловориките од својот ПР рим во Скопје нивото на штетните материи од кои буквално се умира деновиве е и до 20 пати поголемо од максимално дозволените на ПМ10 и ПМ2.5.

За да биде работата целосно “забегана” министерството во друг твит го цитира својој заменик министер кој зборува за успеси на инатитуцијата која што во моментов е меѓу најомразените во земјава заедно со Собранието и кабинетот на премиерот Заев.

SHARE

Оставете Коментар