Кој го запали возилото на бивш началник на УБК?

Полицијата се уште не открива кој стои зад опожарувањето на возилото на сопругата на екс началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање до 2006 година.

Возилото марка „Тојота Корола“ во сопственост на брачниот другар на Миле Зечевиќ, организациски секретар на СДСМ и советник за адвокатски работи на премиерот Заев, било опожарено во текот на ноќта од засега непознат(и) напаѓач(и).

Истрагата на МВР е во тек и се очекуваат брзи резултати за можни осомничени затоа што се работи за улицата Каирска во Карпош 1 во Скопје каде што живеат добро ситуирани граѓани од кои голем дел имаат поставено системи за надгледување.

Според неофицијални извори од истрагата не постои можност напаѓачите да не бидат откриени со оглед на фрекфенцијата на поставени камери во соседството каде што има и седишта на странски организации и претставништва на компании.

Засега истрагата се движи во два правци: нарушени меѓучовечки односи и политички реваншизам.

Со оглед на староста на возилото и ниската вредност на Королата која не надминува 2000 евра сомнежот е дека со опожарувањето некој му испраќа порака на високиот функционер на владеачката СДСМ.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар