Кој и зошто ги цензурира Апасиев и други „опасни“ критичари?

Власта цензурира критички настроени текстови против неа откриваат експерти за социјални мрежи и дигитални технологии.

Последен пример каде што е очигледно дека власта не сака да да се споделуваат критички ставови против владините политики и иннтелектуалците кои што ја бранат се два текста на професорот Димитар Апасиев кој е еден од најпопуларните млади политичари надвор од спектарот кој го држат големите партии и жесток критичар на владеачката партија.

Неговиот текст кој говори за „Вербална дијареја на сороспиите“ и е насочен кон Фрчковски и неговите приврзаници е тешко да се сподели на социјалната мрежа Фејсбук.

Обидот за негово споделување најчесто е спречен од страна на Фејсбук со назнака дека се разботи за спам односно за спречување на обид за ширење на информација која што читателите не сакаат да ја примат.

Тоа според експерите значи дека текстот на Апасиев е пријавен до Фејсбук од поголема група луѓе кои што се жалат дека тој е спам односно дека е материјал кој што е од вознемирувачки карактер или дека е реклама која што читателите не сакаат да ја примат.

Дека се работи за класична цензура преку социјални мрежи доказ е фактот што дури ако сакате сами да го споделите текстот што би значело дека за него не сметате дека е спам тоа Фејсбук нема да ви го дозволи затоа што предходно некој го пријавил како штетен линк.

За експертите е јасно дека се работи за систем во кој одредена група луѓе е координирана од еден центар кој дава налог кои текстови да се пријавуваат на социјалните мрежи.

Она што тие што пријавуваат не го знаат е дека за сите репорти на текстови или други линкови на Фесјбук и Твитер постојат записи и тие еден ден ќе излезат на површина при што точно ќе се знае кој по чиј налог репортирал ставови на професори , интелектуалци и други луѓе во кои нема говор на омраза и не се прекршени стандардите на фејсбук и другите социјални мрежи.

За експертите кои ја истражуваат оваа појава очигледно е дека се работи за политички мотивирани чекори против слободата на говорот а тоа што цел на оваа група во моментов е професорот Апасиев говори дека власта во него гледа политичка опасност.

Експертите предупредуваат и на друга појава со сличен карактер во која на сличен начин се блокираат или цензурираат веб страници и групи на социјални мрежи со цел да се намали читаноста на критички медиуми.

1 Коментар

Comments are closed.