Кој лаже за исфрлање на опозицијата: Владата, МИА, ЕПП или ВМРО-ДПМНЕ?

Вчера државната новинска агенција МИА која е под контрола на Владата на Заев објави информација од анонимни извори во Европската Народна Партија дека ВМРО – ДПМНЕ се соочува со исклучување од најголемата политичка група во Европарламентот која обединува 70 десничарски партии од 40 земји во Eвропа.

Според анонимните информации на МИА која што како државна агенција e невообичаено да користи тајни извори особено ако се работи за внатрешна пресметка на македонската политичка сцена, ЕПП може да ја исклучи ВМРО-ДМНЕ од своето европско семејство поради неконструктивност во врска со Преспанскиот договор и уставните измени.

Само еден ден откако МИА ја објави веста која што и одговара на владата на Заев од Брисел поточно од ЕПП доаѓа официјална потврда за дијаметрално спротивна вест.

Висок претставник на ВМРО – ДПМНЕ е поканет на конференција на високо ниво на Европската Народна партија која што ќе се одржи идната недела.

Насловот на конференцијата на ЕПП е „Како да ја изградиме заедно нашата заедничка иднина“. Ќе се одржи во Европскиот парламент во Брисел а целта на конференцијата е преку панел дискусии да се потенцира поддршката на ЕПП на европските интеграции во регионот.

Меѓу другите панелисти во Европскиот парламент е поканет Алексанар Николовски, потпретседател на ВМРО- ДПМНЕ, партија која што според МИА се сочува со исфрлање и изолација од европските десничари.

Конференцијата на високо ниво ќе ја отвори претседавачот со ЕПП групата во европарламентот Манфред Вернер а не неа ќе учствуваат голем број влијателни европски и регионални политичари од десницата меѓу кои еврокомесарот Јоханес Хан и претседателот на ЕПП Јозеф Дол.

Вчера МИА најави исклучување на ВМРО – ДПМНЕ од ЕПП а во исто време нејзин потпретседател е поканет на важна конференција како панелист.

Што објави МИА вчера

МИА: Ни Меркел ни Курц не можат да влијаат на Христијан Мицкоски за Преспанскиот договор

SHARE

Comments are closed.