Двајцата главни фактори во преговорите со Грција со целосно спротивни ставови за начинот на кој ќе се именува македонскиот јазик по евентуален договор со Грција за Илинденска Македонија.
Завчера премиерот Заев објави дека јазикот во англиска транскрипција ќе биде Macedonian
“Со можниот договор добиваме финална потврда – јазик македонски, language Macedonian. Идентитетот гарантиран. И меѓународните кодови МК и МКД ќе бидат обезбедени”, напиша премиерот на Твитер.
Вчера пак министерот Димитров во интервју рече дека јазикот ќе нема англиски превод и дека ќе биде “makedonski”.
Недоразбирање во владата за македонските позиции или во меѓувреме без преговори сме прифатиле уште една нова позиција во пакетот за Илинденска Македонија?