Предлог-законот за амнестија за дел од учесниците во настаните од 27 април, беше усвоен денеска од Интерпарламентарното тело за помирување.
Секој обвинет за настаните ќе може да поднесе барање до обвинител и суд, а Судот, по добиено мислење од Јавното обвинителство, ќе донесе решение дали ги исполнуваат условите за амнестија, соопшти копретседателката на ова тело Фросина Ременски.
Законот ќе важи само 5 дена, а оние кои сакаат да бидат амнестирани треба да поднесат барање во рок од 5 дена од донесувањето на законот.
Лицата кои при упадот во Собранието на 27 април носеле оружје и фантомки или извршиле насилство и службени лица кои ги прекршиле овластувањата нема да бидат амнестирани.
Законот треба да биде усвоен во Парламентот.