Кој се членува во собраниската комисија што треба да го смени уставот?

Комисијата за уставни прашања при Собранието на Република Македонија е телото преку кое треба да помине владиниот предлог за уставни измени.

Комисијата има претседател, шеснаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

Спроведување на Уставот; предлози за изменување и дополнување на Уставот; начелни прашања од уставен карактер во врска со донесувањето и извршувањето на законите и другите прописи и акти,воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се од уставен карактер и други прашања од уставен карактер.

Меѓу членовите на комисијата има двајца пратеници кои што се под закана за затворски казни, неколку лекари и неверојатно мал број на правници што е нрлогично за комисија која одлучува за највисокиот правен акт во државата.

Најпознати пратеници во комисијата се спикерот Талат Џафери, неговиот преходник Трајко Вељановски, експремиерот Никола Груевски, професорот Ферид Мухиќ и вечниот Амди Бајрам.

претседател:ТАЛАТ ЏАФЕРИ
заменик на претседателот: ЏЕВАТ АДЕМИ
членови:
1) БЕТИАН КИТЕВ
2) ЕНЕС ИБРАХИМ
3) СОЊА МИРАКОВСКА
4) САМКА ИБРАИМОСКИ
5) ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА
6) АНЕТА СИМЕСКА-ДИМОСКА
7) ТАТИЈАНА ЛАЛЧЕВСКА
8) СУРИЈА РАШИДИ
9) НИКОЛА ГРУЕВСКИ
10) ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ
11) ДИМИТАР СТЕВАНАНЏИЈА
12) НАДА ЦИПУШЕВА
13) ДАФИНА СТОЈАНОСКА
14) ИВАН СТОИЛКОВИЌ
15) СТОЈАН МИЛАНОВ
16) ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИ 
заменици на членовите:
1) МИЛЕВА ЃОРГИЕВА
2) ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ
3) ЛИДИЈА ТАСЕВСКА
4) МУХАМЕД ЗЕЌИРИ
 5) ФЕРИД МУХИЌ
6) АГИМ МУРТЕЗАНОВ
7) AГИМ ШАЌИРИ
8) ЗИАДИН СЕЛА
9) ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ
10) АМДИ БАЈРАМ
11) БЛАГОЈА ДЕСПОТОСКИ
12) ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ
13) ДРАГАН ЦУКЛЕВ
14) НЕВЕНКА СТАМЕНКОВСКА
15) САШО ВАСИЛЕВСКИ
16) АФРИМ ГАШИ

SHARE