Новинарот Сашо Кокаланов,  верува дека премиерите на Република Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, имаат храброст да го направат последниот чекор и да го решат контроверзното прашање со името уште на средбата во Софија на 17-ти мај.

Во интервју за БГНЕС, тој вели дека по неодамнешната изјавата на премиерот Заев дека кога ќе биде закажана средба со Ципрас тоа ќе значи дека сме блиску до решение, „нормално е дека во македонската јавност, барем во оние делови од македонската јавност кои посакуваат да се реши овој долгогодишен спор, се јавува еден оптимизам дека прашањето за името ќе биде наскоро затворено“.

Според него, преоптимистички е да се очекува дека двајцата премиер ќе стават параф со што ќе се затвори сосема прашањето„но оние кои добро ги познаваат и Заев и Ципрас, веруваат дека тие ја имаат таа дрскост и храброст да го направат последниот чекор“ во Софија.

Тој вели дека од информациите за текот на преговоритевеќе знаеме колкав дел од преговарачките прашања се решени…„а она што меѓународната заедница сметаше дека е единственото за кое се разговара, името, прво беше затворено“ и дека  новото меѓународно име на Македонија нема да биде Поранешна југословенска Република Македонија туку име што ќе содржи географска одредница.

Она што во моментов се преговара е опсегот на употреба, вели Кокаланов, но тоа ќе биде комплицирано зашто никој не може од страна да ни каже како да се нарекуваме.

Тој потсетува на т.н. „двојна формула“, име кое ќе ја одбере Грција, со која ќе ни се обраќа, и ние ќе го прифатиме, а за сè друго ќе се користи Република Македонија.

За жал, таа позиција е одамна напуштена од македонските власти, иако официјално не беше кажано, но сосема е јасно дека меѓународното име комплетно ќе се промени“, а тоа ќе  значи дека сите земји кои ја признаа Република Македонија под тоа уставно име, вклучувајќи ја и Бугарија и најмоќните држави ако САД, Русија и Кина, по постигнувањето на договорот ќе треба да користат новото име, договорено од Атина и Скопје.

Но, големиот проблем е тоа што Грција моментно се залага за ерга омнес… новото име да се користи и внатре во земјата.

„Мислам дека во Скопје има дури и за тоа има политичка волја во Скопје, но има технички проблем тоа да се реализира. А, на Македонија ѝ се брза, бидејќи поканата за НАТО од Самитот во Букурешт во 2008 година ќека да се реши овој спор и исто така, се чека датум за почеток на преговорите со ЕУ “, вели Кокаланов.

 

 

2 Коментари

  1. Фрчко и Геро се делум во право, ERGA OMNES, во најопшто смисла се применува само за МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБА, но кога се работи за државното име, по дефиниција на ИМЕТО (државно), Грците се во право СЕ ПРИМЕНУВА И ВНАТРЕ!
    Државното име е ОСНОВЕН елемент и на меѓународен, но и на ВНАТРЕШЕН субјективитет на државата, и затоа природно е дека ERGA OMNES би требало да се примени и на ВНАТРЕШЕН поредок. Но, од овде (ОЧИГЛЕДНО НЕЛЕГАЛНА СИТУАЦИЈА) и гледаме дека Резолуцијата 817 на Советот за безбедност е НЕЛЕГАЛНА! Бидејќи, ИДЕНТИТЕТ не може од НАДВОР да се промени!! Исто така е НЕЛЕГАЛНА и резолуцијата 47/225 со која ПОД референцата се примаме во ООН!

Оставете Коментар