Колку демонстранти се собраа вчера според западните агенции

Сите западни новински агенции и медиуми известуваат дека вчера во Скопје на антивладиниот митинг на кој било побарано предвремени избори учествувале “десетици илјади” учесници.

Според дефиницијата за оваа фраза која ја даваат неколку специјализирани сајтови за оваа проблематика оваа бројка “десетици илјади” означува секој број меѓу 20 и 100 илјади но повеќе се мисли на повисоката бројка во овој ранг.

Големите западни агенции и медиуми како и полициските служби имаат развиено методологија со која пресметуваат колку луѓе се наоѓаат на одреден простор во одреден момент.

Многу често поради опасност да бидат доживеани како пристрасни медиумите избегнуваат да користат бројки за масовност на јавни настани.

Други начини на опис на бројност на митинзи се: илјадници, десетина илјади, повеќе од десет илјади, неколку десетина илјади (меѓу 20 и 40 илјади), стотина илјади иткн.

За време на протестот вчера полициските анализи говореле за околу 60 илјади присутни

МВР изненадена, оперативните бројки на протестот драматични

Оставете Коментар