Колку литри бензин е една плата во Македонија?

И покрај зголемувањето на акцизите за горивата, Босна и Херцеговина и Македонија остануваат најевтини во регионот, покажуваат податоците за цените на горивата кои на неделна основа ги собира порталот Globalpetrolprices.com.

Според податоците на овој портал, во Босна и Херцеговина цената еден литар гориво чини, во просек, малку помалку од еврото. Следат Македонија (1,06 евра), Србија (1,2 евра), Словенија (1,26 евра) и Црна Гора (1,27 евра).

Најскапи горива во регионот ги плаќаат жителите на Хрватска (1,32 евра) и на Албанија (1,37 евра).

Но според просечната плата, најмногу гориво во земјите од регионот може да се купи во Словенија – 855 литри, Хрватска – 608 литри, БиХ – 459 литри, Црна Гора – 403 литри, Србија – 380 литри,Македонија – 368 литри и во Албанија – 275 литри.

И ако граѓаните на Албанија со просечна плата можат да купат најмалку гоиво во Европа, 275 Швајцарцитесо една плата можат да 3,388 литри бензин.

Следуваат Луксембург – 2.771 литри, Данска – 2.195 литри, Норвешка – 2.018 литри и Австрија – 2.003 литри.