Првата реакција по денешниот повик од премиерот Зоран Заев до иселениците да гласаат на референдумот за договорот со Грција на 30 септември дојде од Методија Колоски, претседател на Обединета македонска дијаспора (ОМД).

„#Бојкотирам – Јас ја сакам мојата татковина #Македонија“, порача првиот човек на најголемата македонска иселеничка организација во светот преку својот профил на „Твитер“.

Твитот на Колоски е одговор на пораката од насловот на извештајот на новинската агенција Мета за денешната средба во Владата меѓу премиерот и претставници на иселениците: „Заев до дијаспората: Ако ја сакате вашата земја, гласајте на референдумот“.