Колоски: Му благодарам на Бога што Тодоров не стана премиер!

Претседателот на Обединета македонска дијаспора (ОМД), Методија Колоски, реагира на изјавата од поранешниот министер за здравство Никола Тодоров дека ќе гласал против договорот со Грција, а за ЕУ и НАТО, односно дека сам ќе си го напишел прашањето и така ќе одговорел.

„Паметам колку бев радосен што ќе имам средба со тогашниот министер за образование на Македонија, Никола Тодоров. На средбата спомнав дека ОМД би била подготвена околу 30.000 долари да инвестира за реновирање на некое училиште или за компјутери итн. Тодоров се потсмевна и отворено ни рече: ‘Нам ни требаат 300 милиони долари, а не 30.000’. Се фрапирав и си заминав од состанокот со мислата на ум дека уште еднаш не би сакал средба или што било со овој човек. Потоа, тој стана министер за здравство и беше можен премиер – Му благодарам на Бога што овој не стана премиер. По 10 години од таа средба време беше да го објавам ова. Жалам што не напишав ништо тогаш, за да не ѝ се наштети на Македонија“, напиша првиот човек на најголемата организација на македонски иселеници во светот на својот профил на „Фејсбук“.

 

SHARE

Comments are closed.