Колоски од ОМД: На 30 септември има само еден одговор – бојкот

Претседателот на Обединета македонска дијаспора, Методија Колоски, преку видео порака го повика македонскиот народ да го бојкотира референдумот за договорот Заев-Ципрас за преименување на државата во Северна Македонија.

„Македонскиот народ се соочува со историска одлука. Одлуката е повеќе од јасна и на 30 септември има само еден одговор – бојкот“, вели меѓу другото лидерот на најголемата организација на македонски иселеници во светот, со седиште во Вашингтон.

https://www.facebook.com/UnitedMacedonianDiaspora/videos/319010975589528/