Методија Колоски, претседател на Обединета македонска дијаспора (ОМД), остро реагира за формулацијата „јазик на поранешната југословенска Република Македонија“ во понудените јазици од Западен Балкан на вебстраницата на Европска унија, на кои е достапен преводот на декларацијата од самитот во Софија.

„Чиста дискриминација од Европска унија. Зошто некој би сакал да се придружи на институција за која е јасно дека има проблем со човековите права на Македонците“, праша Колоски на англиски преку својот профил на „Фејсбук“.

Преку „Твитер“, пак, првиот човек на најголемата организација на македонските иселеници во светот праша на кој јазик се обрати претседателот на Европски совет, Доналд Туск, при посетата на Македонија на 27 април. „Македонски, се разбира“, додава тој, приложувајќи го видеото со говорот на Полјакот.

 

2 Коментари

  1. Да беше прифатена стратегијата на Игор Јанев ова СЕ не би се сличило! Вака сме доведени до работ на бришење како народ и државата. Губење јазикот е директна последица на катастрофалната политика на Заев и Димитров.

Оставете Коментар