Loading...

Обединета македонска дијаспора (ОМД) се спротивставува на договорот Заев-Ципрас, потпишан вчера од министрите Димитров и Коѕијас во Нивици, ќе остане со народот и ги повикува Македонците да ѝ се придружат во таа борба, порача претседателот Методија Колоски преку видео обраќање.

„Мојот татко почина кога имав 16 години, на Илинден 2000 година. Татко ми силно би се противел и би се поревртувал во својот гроб кога би знаел каков договор потпиша Македонија. Прво, овој договор не дава никакви гаранции за македонската иднина. Второ, мнозинството од македонскиот народ се спротивставува на овој договор. И трето, Македонија го губи својот суверенитет како резултат на ова“, вели во пораката првиот човек на најголемата организација на македонските иселеници во светот од просториите на македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, каде што минатиов викенд ја посети најголемата македонска заедница во Северна Америка.

„Ќе останеме со народот, се противиме на овој договор и бидете со нас. Придружете ни се и бидете вклучени со Обединета македонска дијаспора и со движењето ‘Ние сме Македонија’“, додава Колоски.

 

4 Коментари

  1. ВНИМАНИЕ!
    За Нимиц, Договорот од Преспа е веќе во сила, по неговиот потпис, и ќе го носи договорот, по ратификацијата САМО во нашиот парламент во СБ на ОН, како Анекс на следната резолуција на СБ на ОН со која СБ на ОН ПРИФАЌА одредбите и решението во Договорот.
    Според Нимиц ДОВОЛНО е да Договорот биде ратифициран во Мк. собрание! И без ПОТИПС на Иванов! И без РЕФЕРЕНДУМ !!
    Со новата рез. на СБ на ОН во која е содржано решение, ЌЕ СЕ ЗАМЕНИ Рез. 817, и Рез.845!!!
    Веројатно е дека новата рез. ке биде донесена едногласно.
    Потоа, Нимиц планира решението да биде ПОТВРДЕНО и од Генералното собрание на ООН!
    По овие акти, нема да биде лесно и на најсилните експерти работата да се врати на правиот пат!

  2. Колоски, како ти знаеш дека татко ти би се превртувал во гробот, кога не знае каков е договорот? Нели прво треба да го прочита. А можеби мислиш дека е доволно што тебе така ти изгледа договорот? А од каде знаеш дека и мнозинството на народот се спротиставуава? Беше ли реферндумот за договорот? Не ти се чини дека нешто многу знаеш без да имаш докази? Заборави да кажеш што би рекле сеуште неродените деца за овој договор. Сигурно и тоа го знаеш.

  3. Еден ајт у пичку матер ,смрдле куропушачко
    Прекини со просеравање ,оди кај Заев гомнарот у газ кркни од тоа лајната убаво ќе ти дојде.

Comments are closed.