Колозова: Заев, нема за што да се извинуваш!

Професорката Катерина Колозова на Фејсбук реагира по нападите и заканите од Бугарија дека Македонија ќе биде блокирана на патот кон ЕУ и НАТО, доколку не престане да ја „краде“ бугарската историја.

Повод за нападите западната сосетка со која пред една година беше потпишан „историскиот“ Договор за диобрососедство, беше изјавата на премиерот Заев за 1Тв, дека Илинденското востание е македонско „а доколку некои бугарски граѓани сакаат да го слават“ можат слободно.

Реагираа шефицата на бугарската опоззиција, Корнелија Нинова, министерката за надворешни Екатерија Захариева, а премиерот Бојко Борисов, јасно кажа дека кога ќе дојде време Бугарија да го каже својот став за приемот на Македонија во ЕУ, ќе се потсетиме“ на зборовите на Заев.

Во врска со ова Колозова пишува: „Браќа Бугари, вие сто години го викате Илинден бугарски па ние не се буниме ниту се мешаме како си го викате по дома. Што се овие закани сега? Како сакате ние дома во Македонија да го викаме ако не македонски? Кога рековме „делиме историја,“ мислевме „во еден период заедничка“ а не само ваша, а кога потпишавме договор рековме „наше е, и не е ексклузивно за ниту една од двете страни.“ Ај олабавете со заканите оти не е многу добрососедски.

Заев, немаш за што да се извинуваш, му порача професорката Колозова на премиерот Зоран Заев.