Колумнист на „Вашингтон пост“, убиен и исечен на парчиња!?

epa07071347 A protester holds a picture of Saudi Journalist Jamal Khashoggi during a demonstration organized by Turkish-Arabic Media Association in front of the Saudi Arabian consulate in Istanbul, Turkey, 05 October 2018. According to reports, Jamal Khashoggi, a Saudi journalist known for being a critic of his country's policies, has gone missing after visiting the Saudi consulate in Istanbul on 02 October 2018 to complete routine paperwork. EPA-EFE/SEDAT SUNA

Турската полиција смета дека саудискиот новинар и колумнист на „Вашингтон пост“, Џамал ​​Кашоги (Jamal Khashoggi), кој од вторникот се водит за исчезнат, бил убиен во конзулатот на Саудииска Арабија во Истанбул, изјави за АФП извор близок до турската влада.

„Полицијата оценува ека новинарот во конзулатот бил убиен од група луѓе која дошла во Истанбул со таа намера и се вратила истиот ден“, открил изворот, според кој Кашоги најверојатно бил испрашуван, брутално малтретиран, убиени и исечен на делови.

„Сè било снимено за да имаат доказ дека мисијата била извршена а снимката била изнесена“ од Турција.

Група од 15 Саудијци допатувале во вторникот во Истанбул со два приватни авиони и се вратиле истиот ден.

Во вторникот и новинарот бил во Конзулатот за да заврши некакви административни работи,, но не излегол од зградата на дипломатската мисија.

Според споменатиот извор, групата од 15 Саудијци имале дипломатски пасоши, поради што нивните дипломатски торби не можелода бидат прегледани, но турската разузнавачка служба не верува дека остатоците на Кашоги биле во нив.

Мистеријата останува зашто камерите во близина на зградата на Конзулатот не покажуваат дека саудискиот писател и новинар го напуштил објектот.

„Вашингтон Пост“, кој во петокот објави празна страница за да го привлече вниманието на исчезнувањето на неговиот колумнист Кашоги, објави дека неговото убиство означува страшна ескалација на саудиска напори да се замолчат дисидентите.

„Ако информациите дека Џамал ​​бил убиен се точни, тоа е помпезен и неразбирлив чин“, бил коментарот на директорот на „Вашингтон пост“, Fred Hiatt, додавајќи:

„Џамал ​​беше, и се надевам дека сè уште е, посветен и храбар новинар. Тој пишува со чувство на љубов кон својата земја и длабоко верување во човековото достоинство и слобода. Тоа е ценет во неговата земја, на Блискиот Исток и во целиот свет“.

Саудискиот конзул во Истанбул, Мохамед ал-Отаиби, им дозволи на новинарите Ројтерс да влезат во конзулатот за да се осигураат дека Хашоги не е во него, пренесе Ал џезира..

Хашоги минатата година се преселил во САД поради страв од апсење откако ги критикуваше одлуките на Мохамед бин Салман и воената интервенција на Ријад во Јемен.

SHARE