Командант Хоџа ќе земе околу 60 евра од Владата

Loading...

Иако “работеше” само три дена и сам си даде отказ Командант Хоџа сепак ќе добие плата од владата за советување за безбедносни прашања во должина од 72 часа.

Несудениот советник ќе добие износ во пропорционален сооднос со траењето на неговиот договор, појасни Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на прашањето од „Мета“ дали на Џезаир Шакири, алиас Командант Хоџа, ќе му биде исплатен надомест, односно плата за неговиот ангажман во Владата.

Од Владата пред една седмица наведоа дека поранешниот командант на ОНА и човекот што важеше за „господар“ на Танушевци, и неколкупати по воениот конфликт во 2001 година даваше милитантни и радикални изјави, беше ангажиран како специјален советник на премиерот Зоран Заев како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот. За тоа беше предвидена плата од 36.000 денари.

Хоџа си замина откако за неговото именување реагираа јавноста и американската амбасада.