„Драмски ти благодари за твојот блесок и твоето присуство на нашата сцена и зад нејзините кулиси во изминативе 40-тина години. Вечна ти слава“, изјави директорот Сашо Тасевски на денешната комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој загина завчера во скопското село Орешани.

„Tвоето ненадејно заминување од светот на македонскиот театар остави место што никогаш нема да биде пополнето, зошто твојот уникатен талент и актерското мајсторство не можат да се копираат. Ванчо, му остави непроценливо наследство, особено на Драмски театар, со твоите неповторливи ролји.

Заедно со твојот Гоце, со Ѓокица, Дади и Мешко, со Кате и Милица, Ненад, Коле, Чоре и останатите бардови на Драмскиот театар испишавте историја и оставивте голем аманет за наредните генерации македонски глумци, рече Тасевски, како што пренесува „Бриф.мк“.

1 Коментар

Оставете Коментар