Комисијата даде „виза“ за Република Северна Македонија

Со 10 гласа „за“ и 5 „против“, Комисијата за уставни прашања денеска го усвои текстот на 33 нацрт-амандман на уставот на Република Македонија.

Со нацрт-амандманот се предлага на Собранието да прифати замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во член 36 каде има историски аспект.

Комисијата за уставни прашања ја продолжува расправата по вториот нацрт-амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваст со прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен диговор.

SHARE

Оставете Коментар