Комисијата Димитров го моли, почитување закон нема да боли

Комисијата за надворешни работи при Собранието пак го покани шефот на дипломатијата да реферира пред ова тело согласно законите на РМ.

Откако предходно Никола Димитров одби пред комисијата да елаборира како се одвивале преговорите со Грција сега тој е повикан да ги објасни заклучоците од Самитот на ЕУ во кои Македонија доби условни преговори за членство идната година.

Претседателот на Комисијата се повикува на членот 6 алинеја 5 од законот за надворешни работи а средбата треба да се одржи на почетокот на јули.

1 Коментар

Оставете Коментар