Комисијата препорача, сега 80 пратеници се потребни да се одземе мандатот на Груевски

Комисијата за мандатно имунитетни прашања денеска му препорача на Собранието да му биде одземен мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Заодлуката гласаа пет членови на комисијата , а пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седицата.

„Денеска се врши политички прогон. Не е докажана штетата по државата ниту материјална корист. Во тоа возило денес се возат меѓународни и домашни гости“, рече пратеникот и поранешен спикер на Парламентот, Трајко Вељаноски, според кој целата процедура е „монтиран политички процес“.

За одземање на мандтаот потрено е 2/3 мнозинство во парламентот или 80 пратеници да гласаат „за“.

SHARE

Оставете Коментар