“Комитата” Никола не издржа, починал на КАРИЛ

Никола Саздовски, момчето од навивачка група “Комити” кое беше избодено со нож на автобуската постојка на булеварот „Александар Македонски“, почина денеска на КАРИЛ пишуваат повеќе медиуми, негови другари и роднини.

Момчето кое десетина дена било во тешка здравствена состојба предходно било приклучено на апарати.

Како што информираше од МВР момчето пред десет дена било нападнато од три лица против кои е поднесена кривична пријава.

На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор” наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Смртта на Саздовски за која се шпекулира дека е резултат на меѓуетничка нетрпеливост предизвика револт на социјалните мрежи.

Доколку напаѓачите се гонат само за физички напад а не за обид за убиство како што велат непотврдени информации можно е сериозно пограѓанско незадоволство и нови инциденти.