Компутерџиите најплатени, рибарите со најмали плати

Најдобро платени работници во државата се компјутерските програмери со просечна плата која во јуни изнесувала 56.587 денари што е за 13 отсто повеќе оспоредено со истиот месец лани, соопшти државниот Завод за статистика.

Плати над 50.000 денари биле исплатени на вработените во воздухопловниот сообраќај или во просек 56.023 денари.

Меѓу најдобро платените со просечна плата која надминува 40.000 денари се и фармацевтите, банкарите, вработените во телекомуникациите

Вработените во кожарската индустрија и текстилците се на дното со 15.000, односно со околу 16.000 денари просечни месечни примања.

Најслабо платени, со плата близу до минималната загарантирана во државата се рибарите со 12,6 илјади денари.