Конференција за Бугарија во Првата светска војна во Нов Дојран?

Mеѓународна научна конференција на тема „Првата светска војна и излегувањето на  Бугарија од неа (1918)“ се одржува денес и утре во Нов Дојран.

Настанот се одржува под покровителство на претседателот на Националниот комитет за 100-годишнината од Првата светска војна, Красимир Каракачанов – вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија.

Во мотелот „Истатов“ каде се одржува конференцијата за време на петте пленарни заседанија ќе продефилираат неколку десетици научници од 6 држави од кои повеќето се од Бугарија.