Конфликт за НАТО, Трамп отворено се судри со Макрон

Претседателот на САД Доналд Трамп вечерва го обвини францускиот колега Емануел Макрон дека го навредил со неговата најнова изјава дека Европа треба да гради сопствена армија за да се заштити и од Америка.

,,Претседателот Макрон предмалку сугерираше дека Европа треба да создаде своја војска со цел да се заштити од САД, Русија и Кина. Многу навредливо, но можеби Европа прво треба да си го плати својот дел за НАТО кој што САД го субвенционира во голема мерка”, порачува американскиот претседател.

Пред два дена Макрон изјави дека ЕУ треба да има свои воени сили за да се заштити од Кина, Русија па дури и од САД.

SHARE

Оставете Коментар