Конгресменот Картрајт нов член на Групата за поддршка на Македонија

Loading...

Метју Алтон Картрајт од Демократска партија ѝ се приклучи на Групатa за поддршка на Македонија во Конгресот на САД, која сега има 26 члена, соопшти Обединета македонска дијаспора (ОМД).

„Поддршката на конгресменот Картрајт е од голема важност за нас. Со нетрпение очекуваме да работиме со него за зајакнување на врската меѓу Македонија и САД“, изјави претседателот на ОМД, Мето Колоски.

Мет Картрајт (57) е конгресмен од Пенсилванија и член на Претставничкиот дом од јануари 2013 година.

Конгресната група на пријатели на Македонија ја сочинуваат претставници и на Демократска партија, како и на Републиканците.