Коснет: Формирање косовска армија е позитивен чекор

Новиот американски амбасадор во Приштина, Филип Коснет, рече дека најавеното формирање на косовската армија за која треба да расправа косовскиот парламент е „”позитивент чекор“.

Коснет, кој неодамна го замени амбасадорот Грег Делави на амбасадорското место во Приштина, за телевизија РТК изјави дека косовските лидери велат дека армијата во иднина ќе биде дел од „меѓународните мировни операции“.

Според него, „Косово дојде до точка кога, наместо само да користи на меѓународни безбедносни механизми, може и да придонесе, што е добредојдено“ изјавил Коснет, пренесуваат белградски медиуми.

НАТО и Русија против формирање косовска армија

 

SHARE

Оставете Коментар