Косовари лути на Албанија оти помогнала Груевски да избега

Роднини на убиените во кумановско Диво Насеље пред  три години денеска протестираат во косовскиот град Пеќ, затоа што Албанија помогнала во бегството на македонскиот екс-премиер Никола Груевски.

Во Пеќ денеска се одржува заедничка седница на владите на Косово и на Албанија.

Протестот се одржува пред хотелот „Дукаѓини“, а насобраните носат пароли во кои прашуваат „Каде е сега Никола Груевски“ и „Каде останаа момчињата од кумановската група“.

Демонстрантите го потсетуваат албанскиот премиер Еди Рама дека „Груевски побегна преку Албанија“.

35 лица беа осудени за тероризам за вооружените судири во Диво Насеље во Куманово во кое загинаа 8 припадници на македонската полиција.

За настаните осуммина беа осудени на доживотен затвор, најмалата изречена казна беше 12 години, а 4 од обвинетите беа ослободени.

SHARE

Оставете Коментар