Косово ѝ предложило на Македонија пакт против Србија!

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај во „Вечерњи лист“ ја обвини Србија дека сака да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион, па при своите посети на Македонија, Хрватска и Црна Гора им предложил пакт против Белград.

„Тоа на сите им е јасно, Кога не предизвикува криза со Косово, тогаш ја предизвикува со Хрватска или, пак, со Македонија или со Црна Гора. Србија има добри односи само со Република Српска и со никој друг… Зарем тоа не е чудно? Во неколку наврати, за време на престојот во Хрватска, Македонија и Црна Гора, разговарав со челниците на тие држави да основаме еден пакт кој би ѝ се спротивставил на Србија и на нејзината агресивна политика“, изјави Хоџај.

Заменикот на премиерот Рамуш Харадинај наведе и дека идејата за Голема Србија не е умрена и сè уште виси во воздухот, па им одржа лекција на Европска унија и на САД.

„ЕУ и САД мораат да сфатат во кој правец оди Балканот и каков ќе биде по десет години. Посебно БиХ, Косово и Македонија. Ако ЕУ и Запад не ја сфаќаат опасноста од српската политика во тој дел на Балканот и ништо не преземаат во врска со забрзувањето на процесот на евроинтеграциите на тие земји. Никој не знае што ќе се случи со Косово, со Македонија, а најмногу со БиХ“, објасни Хоџај за хрватскиот весник.

 

SHARE

3 Коментари

  1. Србија води агресивна политика, а албанците мирољубиви!?
    Идејата за Голема Србија не е умрена, идејата за Голема Албанија никогаш не ни постоела!?
    Така некако или грешка сум.

  2. Создавање каква било Голема Држава (Србија, Албанија или дури голема Македонија), која и да е, е штетна, но објавување војна против Србија и барање сојузници е патолошка глупост на лудакот Хоџај и шиптарските лудаци”.

  3. Димче -Смилево 1903 Даме Груев

    Косовски пакт со Македонија

    Македонија да прави пакт со Косово е една од најголема глупост што може да постои. Во 2001 година Косово војуваше со Македонија, УЧК беше тој кој што војуваше, киднапираше и вршеше терор врз Македонскиот народ, а во жолтата куќа во Албанија на киднапираните Македонци им ги ваделе органите со кои тргувале.

    Албанците никогаш нема да се откажат од идејата за голема Албанија, не знам дали Македонците се свесни за сето тоа, видливо и јасно е како бел ден од она што се случува во Македонија. Глупавиот премиер Зоран со неговата глупава политика го забрзува процезот за албанизација на Македонија. Тој им го одзема правото на Македонците а им дава тотално право на Албанците како да се најдуваат во Албанија во замена да му помогнат за поништување на македонското име со сите нејзини белези.

    Чудно со коментарите, анонимниот „Kolega2357“ во неговиот коментар ги измешал брзините со голема Албанија, голема Србија споредувајќи ги со голема Македонија. Мало објаснување, голема Македонија е до Индија, Македонците не ја посакуваат голема Македонија, Македонците ги посакуваат сите поробени делови од Македонија да се обединат затоа што таа е една целосна обединета Македонија. Голема Албанија, голема Србија, означува присвојување на туѓи територии, слично како Голема Бугарија и голема Грција кои во нивните прегратки држат окупирана македонска територија.

    Димче Дамевски

Оставете Коментар