Против визната либерализација за Косово се 12 или 13 држави на Европската унија, вели директорот на приштинската Група за балканска политика.

По враќањето од посетата на институциите на ЕУ во Брисел, Рашити за приштински „Зери“  вели дека сфатил дека има 12 или 13 земји кои се противат на отворањето на процедурите за укинување на визите, вклучувајќи ја и Германија.

Рашити вели дека и во првата половина од следната година, кога Романија ќе претседава со ЕУ, малку е веројатно дека нешто може да се очекува во тој поглед.

Доколку  нема одлука до крајот на оваа година, визната либерализација за Косово може да се одложи за 2020 година, вели Рашити.

SHARE

Оставете Коментар