Косово претпоследна пречка за Македонија до прво ЕП во фудбал

Косово ќе биде противник на Македонија во полуфиналето од дивизијата Д во фудбалската Лига на нации, а со тоа и претпоследна пречка за „црвено-жолтите“ до историски пласман на Европско првенство преку новото натпреварување на УЕФА.

Натпреварот ќе се одигра во март 2020 година, а домаќин ќе биде Македонија.

Косово ги завери првото место во третата група и пласманот во повисоката дивизија Ц со убедливиот триумф од 4:0 против Азербејџан вечерва пред преполните трибини на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина. Хет-трик оствари играчот за врска на холандски Херенвен, Арбер Зенели, а еднаш погоди и дефанзивецот на Динамо Загреб, Амир Рахмани.

Во другото полуфинале од дивизијата Д ќе се сретнат Белорусија и Грузија.

Победниците од двата полуфинални дуела потоа меѓусебе ќе решат за единствената виза за ЕП од најнискиот ранг во Лига на нации.