Косовски каратисти вратени од граница со Србија

Српските власти им забранија влез во Србија на косовски каратисти и на претставници на Карате сојузот на Косово кои требаше да настапат на Европското првенство, што се одржува во Нови Сад од 10 до 13 мај.

По враќањето од Карате сојузот во Приштина изјавија дека српските полицајци им објасниле дека им е забранет влез од страна на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Од канцеларијата на владата на Србија во Приштина ја потврдија забраната за влез на спортисти од Косово и објаснуваат дека Приштина не го пријавила навреме и правилнонивното пристигнување.

Карате федерацијата на Косово е полноправна членка на европските и светските карате федерации.

Оставете Коментар