Завршија преговорите во Њујорк, што е следно?

Повеќе од 7 часа, најмногу досега без прекин траела денешната рунда преговори во Њујорк.

Нема изјави ниту од медијаторот, ниту од министрите Димитров и Коѕиас а нема ниту неофицијални брифинзи од двете страни.

Единствена достапна информација по денешните разговори е дека тие ќе продолжат утре што остава простор за претпоставки дека двете страни постигнале некаков напредок кој што теоретски би можел да биде ефектуиран утре со некаков договор.

Ако навистина утре има договор ќе следува пауза од неколку дена за компилирање на предлогот на медијаторот и испраќање во Скопје и Атина и уште неколку дена за нивни одговори.

Дали ова сценарио воопшто е можно ќе се дознае утре меѓу 16 часот по македонско време и полноќ.