Кралицата даде „амин“ Британија да ја напушти ЕУ

Законот кој го уредува излегувањето на Велика Британија од членство во ЕУ, стапи во сила денеска по повеќе месеци остри дебати во британскиот Парламент.

Усвоен минатата недела од британскиот Парламент, текстот на законот – претставен во јули 2017 година од конзервативната влада на Тереза ​​Меј – беше потпишан денеска од кралицата Елизабета Втора.

„Кралската поддршка“ беше последната фаза од законската постапка за „брегзит“,  (неофицијалната „кованица“) за напуштањето на Британија на Унијата јави АФП.

Тоа ги израдува евроскептиците според кои  напуштањето на ЕУ е активиран и неповратен процес, коментираше Франс прес.

На 23 јуни 2016 година во Велика Британија беше организиран референдум на кој се гласаше земјата да ја напушти ЕУ.

Со мала предност 51,9 наспроти 48,1на референдумот победија подржувачите на идејата за напуштање на Унијата.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ 29 март 2019 година, 46 години откако за прв пат се приклучи на догашната Европската економска заедница (ЕЕЗ) чиј наследник е ЕУ.