Можното пристапување на Македонија во НАТО е внатрешно прашање на таа земја, но ставот на Москва за процесот на придвижување на инфраструктурата на Алијансата поблиску до границите на Русија останува непроменет, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

„Тоа е суверено прашање на самата Македонија. Ги цениме и ги вреднуваме нашите добри односи со Македонија и заинтересирани сме да ги негуваме нашите односи. Меѓутоа, во однос на напорите за преместување на инфраструктурата на НАТО и на алијансата во целина поблиску до напите граници, знаете многу добро каков е ставот на Москва за тој процес. Ништо не се сменило во тој поглед“, одговори Песков на новинарско барање да го коментира можното членство на Македонија во НАТО кога земјата ќе си го змени името во Северна Македонија.

 

SHARE

Comments are closed.