Крик на режисерот Дарко Митревски: Вие сте квислинзи какви што мајка не родила!

Недраги и непочитувани, но сепак наши:

Да преминам веднаш на главното: потпишавте! Потпишавте без око да ви трепне, без рака да ви затрепери. Алал вера! Јас не би можел. Вие можете. Секоја чест на бескрупулозноста. Белки и за тоа треба талент.

Нејсе. Се откажавте од нашиот „иредентизам”! Се откажавте, без никого да прашате имате ли право да се откажете. Се откажавте од нешто што не го ни разбирате. Ви рекле газдите да го врзете коњот на суво поило, вие сте го врзале – па макар цркнал и коњот и газдата. Аферим, слуги, аргати понизни и вечни коњопојци!

Знаете ли бе од што се откажувате? Знаете ли од која заклетва се отколнувате и за која нова клетва турате образ? Веројатно не знаете, бидејќи вие образ и немате. Што би рекол еден мој истомисленик: во вашите глави нема ништо свето, во нив има само бруто и нето!

Тој „иредентизам” е нешто кон што нашиот народ се стреми откако е дојден на овие простори.

Од денот кога византиските императори ги означиле териториите што ние, македонските Словени, сме им ги зазеле, како „склавинии” (во превод: земји на Словените).

Од денот кога решиле со името Македонија да ги ословуваат своите провинции во Тракија – само за да не признаат дека славната земја Македонија повеќе не е нивна, туку наша.

Од времето на царот Самоил, чиишто родени браќа изгинале при опсадата на солунската тврдина, за неговата империја да го владее Егејско Море.

Од годините по падот на тоа наше царство, кога победниците сите словенски фрески ни ги префарбале, за на нив да ги испишат своите грчки слова – за да го поништат нашето историско присуство.

Автор: Дарко Митревски
Целата колумна на мкд.мк

1 Коментар

  1. Bas taka! No edno nedostasuva: na 15 Septemvri( ne onoj od vampirot) site vie so ime i prezime od dijasporata ,zaedno so nas od doma, organizirano da gi ubedime i neubedlivite deka referendum za samoubistvo ne ni treba!!!

Оставете Коментар