Криминалец од Албанија убил 8 роднини

Лице познато по неговите криминални активности убило дури 8 лица од три семејства и негови блиски во селото Ресулај во близина на албанскиот град Валона.

Масакрот се случил во петокот попладне Според албанското МВР, убиецот е извесен Ритван Зукај кој со калашников прво убил четуири лица кај неговиот дедо, а потоа кај неговиот чичко убил уште четири негови роднини. Меѓу убиените се и три жени и две деца.

По убиството, Зукај се скрил во близина на селото, но в полициска акција бил уапсен, пренесува Макфакс.

Албанските медиуми информираат дека убиствата се случиле по кавга во поширокото семејство, а на социјалните мрежи во Албанија повеќе корисници бараат изрекување на смртна казна за сторителот.

SHARE