Постојат аудио и видео снимки кои докажуваат дека саудискит новинар Џамал ​​Кашоги, кој исчезна на почетокот на месецов, бил мачен и убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, тврдат американски и турски власти.

По убиството, неговото тело било ресечено на парчиња, тврдат фицијални претставници за весникот “Вашингтон пост”, за кој Хашоги пишуваше.

Видео снимки од надзорните камери покажуваат како во конзулатот влегуваат и тим од 15 лица кои наводно на 2 октомври допатувале со два приватни авиони во Истанбул, и истот ден го напуштиле градот.

Се појавиле и аудио снимки од конзулатот кои „укажуваат на она што се случувало со Џамал. ​​ Може да се слушне неговиот глас и на гласовите на луѓето кои зборуваат арапски јазик. Може да се слушне како го испитуваат, измачуваат и на крајот го убиваат“ изјави еден официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен , поради доверливоста на информациите.

Не е јасно како турските и американските официјални лица дошле до снимките, но постои сомневање дека саудискиот конзулат најверојатно бил „озвучен“.

Британски „Гардијан“ направи „реконструкција“ на настаните кои укажуваат на крвавата драма зад вратите на конзулатот.