Кржалоски замина, УМС останала со Мицкоски

Над 90 % од членовите на поширокото раководство на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вечерва биле присутни на состанокот со лидерот на партијата кому му искажале поддршка откако утринава нивниот младински претседател се даде оставка, тврдат извори во Унијата на млади сили.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави фотографија со подмладокот на партијата.

-Младите се најголемата сила, а УМС најважниот чувар на нашите идеали. Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Македонија, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.

На состанокот на Мицкоски со Унијата на млади сили предходеа најави од провладини активисти дека лидерот на опозицијата вечерва ќе има преполовено лидерство на младинската партиска организација.

“И младите глувци го напуштаат бродот што тоне”, пишуваа провладини активисти откако утринава партијата на напуштија Лука Кржалоски – Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,
Јован Никушевски – Претседател на УМС Карпош и
Томи Кепевски – Претседател на скопскиот Градски комитет на УМС.

SHARE

Оставете Коментар