Култура ќе ги „чешла“ трошоците на Канческа-Милевска

Министерството за култура ќе изврши внатрешна ревизија врз трошењата што ги правела претходната министерка, Елизабета Канческа-Милевска преку службената картичка во период од 2011 до 2017 година.

Службените картички им биле доделени на функционерите за трошоци поврзани исклучиво со нивните службени активности и потреби во случај кога тоа е навистина неодложно, а не за лични потреби и трошоци.

„ Доколку се утврдат пропусти и неправилности, за истите ќе бидат известени надлежните органи, коишто се задолжени за понатамошно постапување и покренување на соодветни пријави против сите инволвирани лица“, соопштуваат од Министерството, пренесува Think24.mk.

SHARE

Оставете Коментар