Грчката влада да се изјасни дали се согласува со предлогот на македонскиот премиер Зоран Заев за уставна ревизија, побара опозициската Неа демократија според која, лошиот договор од Преспа станува уште полош.

„Предлогот на Заев за ревизија на Уставот на соседната земја уште повеќе го влошува и така лошиот преспански договор“, изјави Јоргос Кумуцакос, министер за надворешни „во сенка“ на Неа демокатија.

Тој смета дека со промените се задржува членот 36, кој не само што го задржува, туку и го поттикнува иредентизмот.

Тој член, исто така, го потврдува инсистирањето на Скопје за наводната “македонската” нација и покрај гаранциите на владата за спротивното, вели Кумуцакос кој бара грчката влада веднаш да се изјасни дали се согласува со содржината на предлогот на Заев.

Претходно и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос изрази „загриженост“ од дел од содржната на амандманите предложени од македонската влада за промена на уставот.

Павлопулос: Преспанскиот не признава македонска нација туку државјанство

 

SHARE

2 Коментари

  1. Spored Prespanskiot dogovorot, koj treba na kraj da bide odobren so ustavnite promeni i vo Grchkoto sobranie, imame DVA parlamenta za usvojuvanje na MAKEDONSKI amandmani, pri shto Makedonskiot e, VNIMAVAJTE, Subordiniran na Grchkiot! No i vo SFRJ Sojuznoto sobranie kako federalen povisok parlament nemashe PRAVO da brishe NACIONALNIOT IDENTITET na nitu eden narod vo federacijata, duri ni identitet na malcinstvata!
    ZA KAKVA SUVERENOST STANUVA ZBOR??

Оставете Коментар