Кумуцакос: Ципрас, имате проблем!

Пратеникот на Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, го обвини министерот за одбрана, Панос Каменос, дека ги поткопува преговорите името по изјавата дека е малку веројатно да се постигне договор.

„Ако навистина ова е изјавата, владата (на Ципрас -н.з.) има голем проблем бидејќи министерот за одбрана, се чини, ги поткопува напорите на владата, токму кога (Никос) Коцијас е во Вашингтон и Њујорк за разговори…Тоа е голем проблем што го има владата и мора да се реши“, додаде тој.

Панос Каменос, шеф на помалиот партнер во грчката коалициона влада, рече дека преговорите со посредство на Обединетите нации неизбежно ќе стигнат до ќор-сокак, бидејќи барањето за промена на уставот нема да помине во Скопје, а тоји неговите „Независни Грци“, се противат на било какво споменување на зборот Македонија“ во идното име.

SHARE

Comments are closed.