Кумуцакос: Неприфатливите изјави на Заев се уште полоши

Не стивнуваат реакциите на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев кј од собраниска говорница во сабота спомена постоење Македонци во Грција и можност за изучување на македонскиот јазик.

Видео снимка со дел од говорот на македонскиот премиер денеска пренесоа некои грчки медиуми.

„Сега со звук и слика се потврдува дека неприфатливите изјави на Заев се, всушност, уште полоши. Ниту, пак, не нè изненадува тоа што е е,дноставно, природна последица од Преспанскиот договор што од самиот почеток го опишавме како стаклена градина за ирационалност и национализам“ изјави денеска Јоргос Кумуцакос пратеник на Неа демократија и министер за надворешни работи во сенка на опозициската партија.

Кумуцакос, ја повика владата да преземе мерки и побара да не се продолжи со ратификација на преспанскиот договор.

Од опозициската партијапостојано повторуваат дека нема да гласаат за ратификација на договорот ни во овој ниту во некој иден состав на грчкиот парламент.

Што рече Заев што толку ги збесна Грците (ВИДЕО)

 

SHARE

1 Коментар

  1. Спогодба со друга држава за својот национален идентитет е, по себе, бесмислица и претставува невозможна мисија. Договор-спогодба со другиот за националниот идентитет е идиотизам.

Оставете Коментар